Русија нема да го испорача Сноуден на САД

12.10.2016 12:50

Сноуден нагласи дека е подготвен да помине и време во затвор во САД и дека многу се жртвува за својата земја.

Русија нема да го испорача Едвард Сноуден на САД кој неодамна побара помилување од претседателот Барак Обама. Дозволата за престој во Русија му истекува наредната година.

Сноуден нагласи дека е подготвен да помине и време во затвор во САД и дека многу се жртвува за својата земја.

Вашингтон и Москва немаат договор за екстрадиција.