СДСМ достави предлог за распуштање на Собранието

12.10.2016 13:02

Пратениците од опозицијата бараат да се свика итна седница бидејќи, како што наведе Сугарески, веќе почнале законските рокови за распишување на избори.

Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери денеска достави предлог за распуштање на Собранието.

Како дел од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, ние пратениците сме должни да покажеме дека остануваме на договорените позиции што се во интерес на разрешување на политичката криза и овозможување достинствен живот за граѓаните на Република Македонија. Секој обид за одлагање на распуштањето на Собранието од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе биде доказ плус дека власта на Груевски сака да избега од избори на 11 декември, изјави во Собранието координаторот на пратеничката група на СДСМ Горан Сугаревски.

Пратениците од опозицијата бараат да се свика итна седница бидејќи, како што наведе Сугарески, веќе почнале законските рокови за распишување на избори.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ во Собранието на Република Македонија да достави предлог за негово распуштање.