Нова ротација на АРМ во „Решителна поддршка“

12.10.2016 13:09

20 припадници на АРМ во наредните 12 месеци ќе бидат дел од силите за заштита во Кабул, 12 штабни офицери и еден подофицер ќе бидат во командата за обука, а уште 6-мина штабни офицери треба да бидат дел од тимот за советување.

Комисијата за одбрана и безбедност даде зелено светло за предлог- одлуката за испраќање македонски мировници во мисијата „Решителна поддршка“. 20 припадници на АРМ во наредните 12 месеци ќе бидат дел од силите за заштита во Кабул, 12 штабни офицери и еден подофицер ќе бидат во командата за обука, а уште 6-мина штабни офицери треба да бидат дел од тимот за советување.

Членовите на комисијата ја прифатија и предлог-одлуката за испраќање еден припадник на армијата, како дел од тимот доктори во мисијата Алтеа во „Босна и Херцеговина“.