Адвокатите на Салах Абдеслам се откажаа од одбраната

12.10.2016 13:57

Според нив, обвинетитот ќе го користи правото да молчи така што нема да можат да работат.

Адвокатите на Салах Абдеслам, единствениот преживеан напаѓач од ланските бомбашки напади во Париз, се откажаа од одбраната.

Според нив, обвинетитот ќе го користи правото да молчи така што нема да можат да работат.

Белгискиот џихадист, за кого е покренато обвинение за терористичкиот напад во кој беа убиени 130 лица, е затворен во самица под постојан видеонадзор.