И Металург го преслуша Веспрем

01.02.2014 22:20

Ракометарите на Металург го совладаа Веспрем со 25-23 на контролниот натпревар во Скопје. Унгарскиот шампион загуби и вчера од Вардар, а откако не успеа и во „Автокоманда“, со два пораза ќе замине од нашиот главен град.

Иако без Наумче Мојсоски и Атаман, а во последните 20-тина минути и без исклучениот Вугринец, македонскиот вицепрвак оствари победа за зголемена самодоверба пред продолжувањето на натпреварите во Лигата на шампионите. Дарко Станиќ блесна на голот на Металург со 20 интервенции, а најефикасни беа Вугринец со шест и Миркуловски со пет гола.

Добрата игра на составот на Лино Червар најавува голема битка на теренот на ѕвездениот тим на Пари Сен Жермен на осми февруари во елитната европска конкуренција.