Интензивна едукација за изборната администрација
Државната изборна комисија и ОБСЕ го почнуваат процесот за обука на луѓето кои ќе бидат вклучени во избирачките одбори. Целта е администрацијата да се подготви за ефикасно спроведување на изборниот процес, како и да се елиминираат претходно детектираните проблеми.

Интензивна едукација за изборната администрација пред предвремените парламентарни избори. ДИК и ОБСЕ потпишаа меморандум за да ја утврдат програмата по која општинските изборни комисии и избирачките одбори ќе ги унапредуваат професионалните стандарди.
Едукацијата, вели претседателот на ДИК, Чичаковски, на вистинското место ќе ги адресира дел од претходно идентификуваните проблеми што ги посочи ДИК, а истовремено и ќе се имплементираат препораките на ОБСЕ.
Посебен акцент се става на едукацијата на избирачките одбори, затоа што од нив, како што вели првиот човек на ДИК, зависи степенот на кредибилност на изборите.
Анита Димитријевска
