Младите земјоделци заинтересирани за мерките за адаптација на производството

12.10.2016 16:44

Климатските промени се тест за земјоделството. Истражувањата покажуваат дека младите фармери се поотворени за предизвиците, постарите стравуваат дека инвестицијата во нова технологија ќе ја зголеми цената на финалниот производ. Надлежните велат дека е во тек проект за дефинирање на мерките кои треба да се преземат за поголема заштита...

Младите земјоделци заинтересирани за користење на активните мерки за адаптација на земјоделското производство. Повозрасните сметаат дека инвестицијата во технологијата која би извршила адаптација на нивното производство кон климатските промени ќе ја зголеми цената на крајниот производ.

Со помош на Светска банка во Македонија е изготвена студија за следните 5 децении истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Според анализите просечната температура ќе се зголеми до два степена, во едни региони ќе има изобилни врнежи, а во други суши.

Во Македонија досега се изградени нови системи за наводнување, и се рехабилитирани постојните. Со грант од 300 илјади евра од германската влада ќе се изготвува студија за поврзување на браната Коњско со овие системи. Ќе се градат и нови брани како во Кочанско чија изградба треба да стартува идниот месец. Дел од мерките се фокусирани и на осигурувањето на земјоделските површини.

Проектот „Локална акција за глобална климатска адаптација“ на „Флорозон“ е финансиски поддржан од амбасадата на Германија. Се организира како дел од националната кампања за адапт ација на земјоделството кон климатските промени.

 

Ана Јосифоска- Тодоровска