Ракомет

Веспрем падна и во Автокоманда

01.02.2014 22:23

Во натпревар што требаше да биде пријателски, а наликуваше како дуел да се биде или не од лигата на шампионите, Металург го победи Веспрем со 25-23.

Прекрасни 60 минути, возбудливи, полни со набаој, атракција и борба до последен здив,видоа гледачите во салата во Автокоманда. Металург без Наумче Мојсоски и Павел Атман покажа дека може против најдобриот унгарски ракометен колектив и најиспешната екипа оваа сезона во лигата на шампионите Веспрем.

Со новиот ракометар во своите редови Лука Циндриќ, Металург одлично го отвори натпреварот, до 17-тата минута водеше со 9-6, но два пропуштени напада во финишот на полувреме ги одведе со 13-12. Период во кој Станиќ најаво блескава вечер со 8 одбрани, а Вугринец и манасков запишаа по 4 гола.

Сличен почеток и на вториот дел. За 8 минути домашните ракометари со серија од 5-1 се одлепија на 18-13,. што не беше најава за сигурна победа туку за драма. Судиите начевски и Николов прво го исклучија Миркуловски, реагираше Вугринец, заработи прогресивни 4 минути исклучување и црвен картон. Се влезе во последната третина од натпреварот во која ракометарите на Металург беа казнети со вкупно 12 минути, а често беа и со 2 играчи помалку.

Искусниот интернационален состав на Веспрем знаеше како да ја искористи предноста, па во 53-тата минута за прв пат поведе со 21-20. На Червар му требаше висок бек-шутер. Го внесе Кеџо, се орвори простор за Миркуловски и Циндриќ, Станиќ ја запали иритираната публика од судиите со серија интервенции, па завршницата се претвори во драма како да е финале во лигата на шампионите.  Металург одговори на серијата на противникот од 8-2, се врати, израмни и поведе со 24-22 и знаеше како да ја зачува предноста.

Не дека е прв пат, но уште еден натпревар што ќе се прераскажува,барем до следниот.

Станиќ со 15 интервенции( 2 седмерци), Вугринец со 6 , Миркуловски со 5, Циндриќ и манасков со по 4 се издвоија на листата на стрелците во тимот кој уште еднаш покажа дека победува колективот, додека кај Веспрем најефикасни беа Наѓ и Сулиќ со по 4 погодоци.

Се потврди  дека Веспрем не случајно е во Скопје на контролни средби. Без оглед на двата пораза почувствуваа како е да се биде во градот што живее со ракометот, и за само 24 часа на 5-6 километри растојание одиграа 2 супер-контроли.

Следниот предизвик за Металург е мечот од СЕХА против Борац во Вторник, а потоа засилени со Атман ќе патуваат за Париз на мечот од 8 коло во лигата на шампионите против ПСЖ.