НБРМ: Економските фундаменти се здрави
Натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитната база на банките...

Солидни движења на девизниот пазар. Со откуп се надополнуваат резервите- оцена на Советот на Народната банка. Монетарната власт констатира- економските основи се здрави.
Натамошното стабилизирање на очекувањата на економските субјекти е видливо и преку промените кај депозитната база на банките. Првичните податоци за септември покажуваат натамошен раст на депозитите на населението, побрз во однос на претходните два месеца. Од друга страна, намалени се депозитите од фирмите. Забележан е раст на вкупните кредити, иако сѐ уште има ризици по однос на динамиката на кредитната активност- се вели, меѓудругото, во заклучоците на Народна банка.
