Се одложи сослушувањето на Асанж
13.10.2016 11:34
Шведските власти го обвинија за силување основачот на „Викиликс“ и од 2012 година е засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Обвинителството на Еквадор соопшти дека се одложува сослушувањето на Џулијан Асанж за 14 ноември. 45-годишниот Австралиец побарал презакажување од безбедносни причини.
Шведските власти го обвинија за силување основачот на „Викиликс“ и од 2012 година е засолнет во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Асанж ги отфрла обвиненијата и тврди дека е жртва на политичка игра поврзана со неговото испорачување во САД, каде што сакаат да го судат за објавување доверливи информации.
