Во Македонија во првите осум месеци 617 илјади туристи

13.10.2016 13:12

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август годинава е намален за 7,2 отсто во споредба со истиот месец лани...

Во август годинава во Македонија се евидентирани 156.763 туристи кои оствариле 694.641 ноќевање.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во август годинава е намален за 7,2 отсто во споредба со истиот месец лани, а бројот на ноќевањата е помал за 3,9 проценти. При тоа, бројот на домашните туристи е намален за 4,5, а на странските за 10,9 отсто. Домашните туристи оствариле за 0,7 отсто помалку ноќевања, а странските за 13,8 отсто.

Во првите осум месеци од годинава во Македонија се регистрирани 617.150 туристи што е зголемување во однос на лани за 4,1 отсто. Тие оствариле 1.929.279 ноќевање или за 1,8 проценти повеќе од стиот период минатата година.