Спротивставени ставови на Вучќик и Рама на Белградскиот безбедносен форум
За албанскиот премиер Еди Рама евроинтегративните процеси се патот што ќе помогне да се раскинат врските со лошото минато...

Спротивставени ставови на Вучќик и Рама на дебатата на Белградскиот безбедносен форум. Евроинтеграциите, статусот на Косово, рудникот „Трепча“, и апсењето на Нехат Тачи во фокусот на разговорите.
За албанскиот премиер Еди Рама евроинтегративните процеси се патот што ќе помогне да се раскинат врските со лошото минато, бидејќи како што рече, во овој момент тие се многу поважни од членството во ЕУ. Уште еднаш ја повика Србија час поскоро да го признае Косово, нагласувајќи дека истовремено силно го поддржува дијалогот Белград-Приштина.
Констатирајќи ги разликите во ставовите по однос прашањето за Косово, српскиот премиер Вучиќ оцени дека „со подобри политички врски во иднина нема сомнеж дека ќе се приближат до Европската унија, кон којашто тежнеат сите земји од регионот. Истакна дека не се срами да каже дека сака Србија да има подобри врски со Албанците, Босанците и другите народи од регионот.
