Боб Дилан- добитник на годинашната Нобелова награда за литература

13.10.2016 14:49

Дилан е роден во 1941 година и кариерата ја почнал во Минесота. Најпознатите дела ги напишал во 60-тите години на минатиот век.

Американскиот музичар Боб Дилан ја доби Нобеловата награда за литература за создавање нов поетски израз во традиционалната американска музика.

Дилан е роден во 1941 година и кариерата ја почнал во Минесота. Најпознатите дела ги напишал во 60-тите години на минатиот век.

Публиката го нарекува „неформален хроничар“ на маките на Американците, антивоените движења и граѓанските права.