Старџен: Одиме на референдум, сакаме независност
Првиот референдум одржан на 18-ти септември 2014 година, пропадна откако 55 проценти Шкоти гласаа против отцепување од Велика Британија. Овој пат ситуацијата би можела да биде значајно поинаква, со оглед на тоа дека Обединетото Кралство ја напушта Европската унија.

Шкотската премиерка, Никола Старџен на конференција на нејзината Национална партија изјави дека консултациите за распишување референдум за одделување на Шкотска од Велика Британија почнуваат следната надела. Таа додаде и дека нејзината влада подготвила закон за нов референдум за независност на покраината кој ќе биде објавен во текот на идната недела. Првиот референдум одржан на 18-ти септември 2014 година, пропадна откако 55 проценти Шкоти гласаа против отцепување од Велика Британија. Овој пат ситуацијата би можела да биде значајно поинаква, со оглед на тоа дека Обединетото Кралство ја напушта Европската унија.
„Шкотска има право да бара нешто подобро за себе, наместо перспективата за нестабилна иднина, доколку остане во рамките на Британија. Шкотска го има правото на сопствен избор“, нагласи Никола Старџен.
Таа порача дека е „наполно сигурна оти земјата ќе може да го преразгледа прашањето, уште и пред Велика Британија да ја напушти ЕУ, доколку тоа се покаже како потребно за да се заштитат шкотските интереси“.
На референдумот од 23 јуни, големо мнозинство од 62 отсто од гласачите во Шкотска се определија за останување во ЕУ и против Брегзит.
Марина Автовска
