Еврокомесарот Хан оствари средба со премиерот Димитриев
Најавени се и одделни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, како и со специјалната обвинителка Јанева, и со претставници на граѓанското општество.

Комесарот за преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан денеска престојува во посета на Република Македонија, и веќе се сретна со премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев.
Најавени се и одделни средби со лидерите на четирите најголеми политички партии, како и со специјалната обвинителка Јанева, и со претставници на граѓанското општество.
Целта на посетата, како што се наведува во соопштението од Европската комисија, е да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во насока на организирањето на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на итните реформски приоритети.
