Ориз: Помал род, неизвесен пласман

14.10.2016 10:18

Почна жетва на оризот. Според првите проценки земјоделците очекуваат помал род од лани. Се надеваат дека ќе можат да го продадат по пристојни цени бидејќи откупувачите се залат дека сѐ уште имаат непродадени залихи од минатата година.

Со почетокот на жетвата на оризот се намалија и очекувањата на земјоделците дека годинава ќе им биде побериќетна од лани.

Родот е помал од минатата година, а за квалитетот велат дека е сеуште рано да се знае каков ќе биде.

Оризопроизводителите и оваа сезона насеаа скоро 4.800 или за минимални 50 хектари повеќе од лани што според првите проценки родот на оризовата арпа очекуваат да биде 25.000 тони или 2.000 помалку од претходната жетва.

Оризот во Македонија го откупувааат 18 регистрирани фирми кои велат дека се уште имаа залихи, но кои не се толку големи за да бидат посериозна пречка за новиот откуп.   

Проблемот со продажбата е резултат и на високите приноси на оризот во Грција и неговата ниска цена на пазарите во странство.

 

Методија Трајков