Собранието ја продолжува 124-тата седница
14.10.2016 10:21
Треба да се гласа за предлог- законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на домашните државни универзитети...

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 124-тата седница, на која треба да се гласа за предлог- законот за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на домашните државни универзитети.
За ова законско решение, Собранието ќе гласа откако претходно Комитетот за односи меѓу заедниците ќе се изјасни дали треба да се гласа со двотретинско мнозинство по барање на пратеникот Талат Џафери.
Законодавниот дом ќе разгледува и други законски предлози од областа на даноците, сметководството, ревизијата и социјалното осигурување.
