Седници на пет собраниски комисии
Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог- законот за даночни, царински и други фискални погодности, за одржувањето на УЕФА Супер купот во 2017-та, како и четири други законски проекти.

Во Собранието седници ќе одржат пет собраниски комисии. Комисијата за финансирање и буџет ќе ги разгледа предлог- законот за даночни, царински и други фискални погодности, за одржувањето на УЕФА Супер купот во 2017-та, како и четири други законски проекти.
На дневен ред на Комисијата за образование, наука и спорт, се измените на Законот за спорт, а на Комисијата за култура, предлог-програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности за 2017 година.
Комитетот за односи меѓу заедниците треба да се произнесе по предлогот за гласање на предлог-законот за вработување на стоте најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети.
Законодавно-правната комисија ќе ги разгледа сите законски решенија, што се на дневен ред на овие собраниски комисии.
