Над 100 отказни решенија за воени судии во Турција

14.10.2016 10:29

Турските судски власти суспендирале уште 184 судии и обвинители со цел да ги искоренат приврзаниците на имамот Ѓулен, кого го обивнуваат за организирање на неуспешниот пуч...

Во најновата серија отпуштања, отказни решенија добија 109 воени судии, Турските судски власти суспендирале уште 184 судии и обвинители со цел да ги искоренат приврзаниците на имамот Ѓулен, кого го обивнуваат за организирање на неуспешниот пуч.

Турска државна агенција Анадолија наведува дека 184-те судии и обвинители се суспендирани заради користење на апликацијата за размена на пораки „БиЛок“.

Претставници на турската разузнавачка служба идентификувале 56.000 корисници на оваа мрежа која, како што тврдат, од 2014 година ја користат и следбениците на Ѓулен.