Продолжено е примирјето со ФАРК до крајот на годинава

14.10.2016 10:50

Сантос се надева на нов мировен договор кој ќе стави крај на полувековната граѓанска војна.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос го продолжи прекинот на огнот договорен со револуционерните оружени сили на Колумбија до крајот на годината.

Сантос се надева на нов мировен договор кој ќе стави крај на полувековната граѓанска војна.

Власта прави обиди да се обнови примирјето откако Колумбијците го отфрлија на референдум.