Финансиски криминал тежок 1,5 милиони денари откриен во ЈП Чистота и зеленило- Куманово

14.10.2016 11:39

До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријавата против вработен во претпријатието, за „проневера во службата“ и „послужување во службата“.

Финансиска полиција го чешла работењето во Јавното претпријатие Чистота и зеленило-Куманово. Од Управата велат дека е откриен и документиран финансиски криминал, тежок 1,5 милиони денари. Оштетен е буџетот на претпријатието.

До Основното јавно обвинителство во Куманово е поднесена кривична пријавата против вработен во претпријатието, за „проневера во службата“ и „послужување во службата“.

Пријавениот, во периодот од ноемвеи 2008-та до август 2015, неовластено присвоил парични средства од благајната на претпријатието, кои не ги евидентирал, а уништувал и документација- велат од Управата за финансиска полиција.

Оттаму велат и дека се истражуваат и други сегменти од работењето на ова јавно претпријатие.