Москва негира дека стои зад хакираната електронска пошта на Клинтон
„Русија нема интересн во ова. Целта на оваа хистерија е да се пренасочи вниманието на американскиот народ од она што е објавено. Неважно е кој го сторил тоа. Важна е содржината на материјалите“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Викиликс ја објави четвртата серија хакирани електронски пошти на Хилари Клинтон. Изборниот штаб на демократите тврди дека Русија стои зад кибер-нападот, но официјална Москва негира.
„Русија нема интересн во ова. Целта на оваа хистерија е да се пренасочи вниманието на американскиот народ од она што е објавено. Неважно е кој го сторил тоа. Важна е содржината на материјалите“, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Порталот досега објави над 11 илјади документи, вклучувајќи ги и корисничките сметки на персоналот на Клинтон. Жртва на Викиликс беше и шефот на нејзината кампања. Федералното истражно биро го истражува хакерскиот напад.
