Снегот блокира нови возила во Војводина
02.02.2014 09:44
Бугарски шлепер, и покрај забраната, влегол на локалниот пат Бачка Топола - Суботица во Србија, се превртел и направил застој, по што 100 возила се заробени, јавува Танјуг.
Претходно, околу 40 возила останале на автопатот Нови Сад - Суботица кај Фикетиќ и се работи на тоа денеска да бидат деблокирани сите возила.
Бугарскиот шлепер се превртел синоќа во доцните часови направил застој, па во колоната има уште педесетина возила. Се очекува да пристигне тешка механизација да го отстрани шлеперот и да им помогне на завеаните.