Бизнис форум во Ниш на српски и албански стопанственици

14.10.2016 12:08

Целта е да дојде до приближување на српската и албанската бизнис-заедница.

Во српскиот град Ниш ќе се одржи бизнис-форум „Србија-Албанија“, на кој ќе учествуваат околу 300 претставници на компании и стопанственици од двете земји.

Целта е да дојде до приближување на српската и албанската бизнис-заедница. Ова е прв голем собир на српските и албанските стопанственици, а се одржува во Ниш, кој од вчера, па во следните седум дена е седиште на српската Влада.