Хан задоволен од средбата со невладините организации
14.10.2016 12:21
Хан оцени дека на средбата имало важна размена на информации со претставниците на цивилниот сектор, се заблагодарил на нивната посветеност и придонес, а ја потенцирал и важноста на итните реформски приоритети.

Еврокомесарот за проширување и добрососоедска политика, Јоханес Хан, средбите во Скопје ги започна со средба со претставници на невладини организации.
Хан оцени дека на средбата имало важна размена на информации со претставниците на цивилниот сектор, се заблагодарил на нивната посветеност и придонес, а ја потенцирал и важноста на итните реформски приоритети.
„Кредибилни избори се првиот чекор, следно е брзо спроведување на реформите“- посочил еврокомесарот на средбата со невладините.
