Асад смета дека војната во Сирија е конфликт меѓу Западот и Русија

14.10.2016 12:45

Според него, Турција не го почитува меѓународното право со активностите во Сирија.

Граѓанската војна во Сирија е всушност конфликт меѓу Западот и Русија, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад.

Според него, Турција не го почитува меѓународното право со активностите во Сирија.

Го оправда присуството на Русија, Иран и Хезболах кои се постојани сојузници на Сирија во борбата против терористите на Исламска држава.