ПССЕ ќе ги следи изборите во Македонија

14.10.2016 13:27

Набљудувачкиот тим и овојпат ќе го предводи Стефан Шенах, од Партијата на социјалистите на Австрија...

Со 20 парламентарци и 12 заменици, Парламентарното Собрание на Советот на Европа ќе ги следи предвремените собраниски избори во Македонија закажани за 11-ти декември. Набљудувачкиот тим и овојпат ќе го предводи Стефан Шенах, од Партијата на социјалистите на Австрија.

Александар Николоски, шефот на македонската делегација во Советот на Европа смета дека најстарата европска институција со оваа одлука уште еднаш покажува дека со изборите се надминува политичката криза во Македонија.

Набљудувачите од Парламентарното Собрание на Советот на Европа пристигнуваат во земјата на покана на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.