Две банки и две штедилници се приклучија кон земјоделскиот Гарантен фонд

14.10.2016 15:08

Покрај намената само за ИПАРД инвестиции, се проширува за сите типови на капитални инвестиции во примарното земјоделско производство, во преработувачката индустрија и за руралните средини.

Се зголемува бројот на банки и штедилници, преку кој земјоделците ќе може да ги користат средствата од гарантниот фонд. Покрај намената само за ИПАРД инвестиции, се проширува за сите типови на капитални инвестиции во примарното земјоделско производство, во преработувачката индустрија и за руралните средини.

Корисници на овој Фонд се земјоделците, бизнис операторите и корисниците на ИПАРД кои ќе побараат кредити за финансирање на инвестицијата од Комерцијална банка, Стопанска банка – Битола, Прокредит банка и штедилниците Флум и Можности. Потребно е да обезбедат 50 отсто од висината на бараната банкарска гаранција, додека останатите 50 проценти ќе бидат обезбедени од Фондот, истакна министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Највисоката вредност на кредит, за кој може да се користи овој гарантен фонд изнесува 500.000 долари.