„Инофрут“ го презема „Aгро- лозар“, ќе обезбеди 130 нови вработувања
Планира да вработи 130 лица. „Инофрут“ ќе го преземе загубарот „Агро-лозар“, чиј имот е во стечај, а со конкретни активности, подготовка на почвата и засадување на овошките планира да почне идниот месец.

Холандската компанија „Инофрут“ ќе инвестира 10 милиони евра во производство на овошје во општините Дојран и Богданци. Планира да вработи 130 лица. „Инофрут“ ќе го преземе загубарот „Агро-лозар“, чиј имот е во стечај, а со конкретни активности, подготовка на почвата и засадување на овошките планира да почне идниот месец.
„Од повеќе земји во регионот тие одлучија да инвестираат во Македонија. Инвестицијата е преку превземање на стечајниот имот на загубарот, комбинатот „Агро-лозар“ од Богданци. Со преземањето на стечајниот имот, тие се во позиција да склучат договор со МЗШВ и да се обврзат да инвестицираат во јужниот дел на Македонија, поточно во општина Дојран и општина Богданци преку започнување на активности за примарно производство на долгогодишни овошни насади таму каде што оваа компанија има навистина огромно искуство. Преку воведување најнови технологии за производство на цреши, рана и доцна, производство на трпезно грозје со најсовремени сорти и технологија која оваа компанија ја применува“, истакна заменик министерот за земјоделство, Костадиновски.
Холандската компанија има свои капацитети во Јужна Африка и Етиопија каде со 350 вработени ги остваруваат своите активности, односно ги прибираат своите производи и ги дистрибуираат во целиот свет. Најзастапени се на пазарите во Европска Унија, Средниот Исток и на пазарите надвор од ЕУ, САД, Јужна Америка.
Вкупната површина која ќе ја обработува компанијата е 250 хектари.
