Каско осигурувањето сѐ уште само луксуз
Иако покрива сообраќајна несреќа, кражба, пожар, временски непогоди, штети направени при јавни собири, сопствениците поради високата цена сѐ уште го користат само за заштита на нови возила, најчесто земени на лизинг или кредит.

Само осум проценти од вкупните осигурителни полиси во Македонија се за Каско осигурување. Иако покрива сообраќајна несреќа, кражба, пожар, временски непогоди, штети направени при јавни собири, сопствениците поради високата цена сѐ уште го користат само за заштита на нови возила, најчесто земени на лизинг или кредит. За останатите, кај осигурителните компании, најатрактивно осигурувањето од автоодговорност.
„Каско осигурувањето во Македонија е застапено со осум проценти од вкупното осигурување во Македонија и е во рамки на просеците на регинот. Зависи од бројот на возила кои се продаваат во државата“, вели Трајче Латиновски, директор на Националното биро за осигурување.
И во Хрватска полисите за полн износ Каско осигурување се поврзани со новите возила. Поради гооемиот број продадени пред кризниот период, компаниите наместо да профитираат, трпеле финансиски штети. Под притисок на надзорното тело ја поскапеле услугата, но на пазарот понудиле пакети за парцијално Каско, во случај само на судар, временски непогоди или со франшиза.
„Бидејки остваруваа големи загуби, и на пример на секои примени 100 куни се случуваше да исплатат штета од 140 куни, цената на Каското растеше, сопственицте го земаа само ако купиле на лизинг или кредит, па за да профитираат осигурителните компании понудија парцијално Каско само во случај на судар, или она што го сугериравме, производи со франшиза, учество на осигуреникот во сумата за штета“, изјави Хрвоје Пауковиќ, директор на Националното биро на Хрватска.
Од вкупниот број полиси за осигурување на автомобили, 40 насто од сопствениците користат зелени картони, на годишни ниво бројката достигнува 90 илјади. Помалку атрактивни се месечните. Заклучно септември, осигурителните компании продале дваесетина илјади што им овозможиле на граѓаните да патуваат еднократно.
Сузана Фиданска- Стоевска
