Две банки и две штедилници се приклучија кон земјоделскиот Гарантен фонд

14.10.2016 16:15

Уште две банки и две штедилници се приклучија кон земјоделскиот гарантен фонд. Во наредните 10 години треба да се пласираат 26 милиони евра, наменети за модернизација на земјоделското производство...

За побрзо и полесно одобрување на кредити уште две банки и две штедилници се приклучија кон Гарантниот фонд за кредититирање во земјоделството. Преку него се очекува во наредните десет години да бидат искористени 26 милиони евра, за модернизација на земјоделското производство, подигнување нови насади, оранжерии, фарми,и за набавка на механизација. Гарантниот фонд може да го користат и преработувачките капацитети за градење дистрибутивни центри за овошје и зеленчук, млекарници, винарии, конзервната, и мелничката индустрија.

Банките или штедилниците ќе треба да обезбедат 50 отсто од висината на бараната банкарска гаранција, додека останатите 50 проценти ќе бидат обезбедени од Фондот. Со проектот веќе има позитивни искуства.

Според директорот на УСАИД, агенцијата која е дел од проектот, во Македонија кредитниот гарантен договор е поттик за земјоделците и преработувачите да аплицираат за ИПАРД Програмата и поддршката во руралниот развој.

Гарантниот фонд почна да функционира кон крајот на минатата година. Лани преку сличен кредитен механизам биле пласирани околу 171 кредит.

 

Дијана Ценевска