Панел дискусија на ВМРО-ДПМНЕ: Отворени 160.000 нови работни места

14.10.2016 16:57

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ деновиве организира серија настани, трибини и собири. Од партијата велат дека ова ќе биде викенд на отчетност. Почнаа со панел дискусија за отворањето на 160 илјади работни места...

ВМРО-ДПМНЕ најави викенд на отченост. Владејачката партија организра низа партиски настани, трибини, кои ќе финишираат со собир в недела. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе дадат отчет за сработеното, но и дека ќе ги најават идните активности и планови на партијата.

Викендот на отчетност стартуваше со трибина од областа на економијата. Беше речено дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ отворила 160.000 нови работни места, во индустриските зони се вработиле 17.000 луѓе.

Главен мотор на економијата и во иднина ќе биде градежништвото, преку изградба на инфраструктура, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Посочија дека во изминативе 10 години се изградени или во тек на градба се над 700 километри патна мрежа, во која се инвестирани 200 милиони евра.

 

Викторија Милевска