Формула 1

Разочарување во Ред Бул

02.02.2014 10:43

Најуспешниот тим во формула 1 во изминатите 4 години, неславно ги почна тестовите за новата сезона.

Огромни проблеми за тимот на Ред Бул на првите претсезонски тестирања во Херез. Проблемите со новиот В6 мотор на Рено продолжија и на последниот ден, а дополнително болидот на Ред Бул се соочи и со прегревањето на многу системи, па по само 7 извозени кругови на патеката, тимот донел одлука предвреме да го напушти тестирањето.

Во Ред Бул сепак се надеваат дека проблемите можат да се надминат во наредните 2 недели до следниот тест на патеката во Бахреин.

За разлика од шампионскиот болид на патеката најдолго беше Мекларенот на Кевин Магнусен кој мина 162 кругови, Фелипе Маса со Вилијамс 133, а Луис Хамилтон со Мерцедес мина 121 круг.