Црна Гора: Партијата на Ѓукановиќ освои најмногу гласови на парламентарните избори

17.10.2016 09:49

Опозицискиот Демократски фронт доби поддршка од над 22 процента од гласачите, а Алијансата „Клуч“ која исто така е против владејачката партија има освоено над 11 насто...

Прозападната Демократска партија на социјалистите на премиерот Мило Ѓукановиќ освои 42% од гласовите на паралментарните избори во Црна Гора и очекува мандат за формирање влада.

Опозицискиот Демократски фронт доби поддршка од над 22 процента од гласачите, а Алијансата „Клуч“ која исто така е против владејачката партија има освоено над 11 насто. Изборите минале со рекордно висок одзив од 73%.

Полицијата уапсила 20 луѓе кои наводно дошле од Србија поради сомнеж дека планирале напад врз државни институции.