Ирачките сили повторно го освојуваат Мосул

17.10.2016 10:16

„Дојде време за победа и операцијата за ослободување на Мосул почна. Го прогласувам почетокот на операцијата која ќе ве ослободи од насилството и тероризмот на Исламска држава“, изјави Хајдер Ал Абади, премиер на Ирак.

Ирачките власти почнаа офанзива за ослободување на градот Мосул од окупацијата на Исламска држава. Коалицијата предводена од САД ќе ја поддржи акцијата со воздушни напади.

„Дојде време за победа и операцијата за ослободување на Мосул почна. Го прогласувам почетокот на операцијата која ќе ве ослободи од насилството и тероризмот на Исламска држава“, изјави Хајдер Ал Абади, премиер на Ирак.

Според американското министерство за одбрана, ова е клучен момент во борбата против џихадистите. Обединетите Нации ќе обезбедат засолниште, храна и лекови за цивилното население.