Промоција на две публикации во НБРМ

17.10.2016 09:43

Промоцијата на публикациите е по повод одбележувањето на јубилејот 70 години централнобанкарски активности

Во Народната банка на Република Македонија денеска ќе се одржи промоција на публикациите „Библиографијата за централнобанкарското работење во Република Македонија: 1946 - 2016“ и „Научната мисла во НБРМ:1992-2015 (преглед на научни трудови)“.

Промоцијата на публикациите е по повод одбележувањето на јубилејот 70 години централнобанкарски активности во Македонија.