Напад врз бегалски камп во Сирија

17.10.2016 11:01

Се претпоставува дека напаѓачот бил член на Исламска држава.

Тројца загинаа, а над 20 се повредени откако бомбаш-самоубиец удри во команден пункт со камион полн со експлозив во бегалски камп во Сирија. Се претпоставува дека напаѓачот бил член на Исламска држава.

Кампот Ракбан е во реон контролиран од бунтовниците и во него престојуваат над 75 илјади Сиријци.