Повисоки цени на горивата од полноќ
17.10.2016 12:41
Литар Еуросупер БС 95 ќе се точи за 63, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на Еуродизел e 50 денари...

Од ноќеска на полноќ нови цени на горивата. Еуросуперот БС 95 ќе поскапи за 1,5 денари, а Еуросуперот БС 98, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар Еуросупер БС 95 ќе се точи за 63, а Еуросупер БС 98 за 65 денари. Новата цена на Еуродизел e 50 денари.
Одлуката е донесена врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и односот на курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели.
