Могерини: ЕУ не планира нови санкции за Русија поради Сирија

17.10.2016 12:59

Ниедна земја-членка не предложила казнени мерки против Москва, поради поддршката на сирискиот претседател Асад и бомбардирањето на Алепо.

„Европската Унија не планира воведување нови санкции кон Русија поради Сирија“, изјави претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Ниедна земја-членка не предложила казнени мерки против Москва, поради поддршката на сирискиот претседател Асад и бомбардирањето на Алепо.

Изјавата на Могерини следува по најавата од неколку медиуми дека Велика Британија, Франција и Германија ќе се обидат да ја убедат Унијата да воведе уште санкции против Асад.