Реакција на Наумов за утрешната аукција на државни хартии од вредност
17.10.2016 14:24
На терет на граѓаните ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието да запише нов нето долг, смета дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.

Министерот Кирил Миноски објави аукција на државни хартии од вредност со која побарува за 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање.
На терет на граѓаните ја користи последната аукција на државни хартии од вредност објавена пред распуштањето на Собранието да запише нов нето долг, смета дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов.
Додава дека актуелната власт зад себе ќе остави повеќе од пет милијарди евра долг на идните генерации.
