НБРМ промовираше две публикации од централнобанкарското работење
Публикациите содржат научни трудови, магистерски и докторски дисертации во кои се третираат различни аспекти од централнобанкарското работење. Според гувернерот Богов, резултатите во областа на научно-истражувачката дејност не се случајни...

Народната банка на Република Македонија и во иднина ќе продолжи да биде во чекор со научната мисла, беше истакнато на промоцијата на публикациите „Библиографија за централнобанкарското работење во РМ“ и „Научната мисла во НБРМ“, по повод 70-годишниот јубилеј на Централната банка.
Публикациите содржат научни трудови, магистерски и докторски дисертации во кои се третираат различни аспекти од централнобанкарското работење. Според гувернерот Богов, резултатите во областа на научно-истражувачката дејност не се случајни. Се внимавало на квалитетот на кадрите, на постојана надградба во работењето, што во современи услови на динамично опкружување, е предуслов за следење и приспособување кон трендовите во централното банкарство.
Промоторите Љубе Трпески и Глигов Бишев ја потенцираа значајноста на публикациите за секој научен истражувач.
