Почнува мисијата фајнел-фор за Вардарки
Амбициозниот проект ЖРК Вардар-СЦБТ согурно гази кон зацртаните цели...

Амбициозниот проект ЖРК Вардар-СЦБТ согурно гази кон зацртаните цели. Почна со историскиот клубски пласман во елитната континентална Лига на Шампионките, продолжи со лидерско место во прелиминарниот сегмент, па пласман во втората фаза, или ¼ финале.
Сега апетитите растат во ѕвездениот тим за место во големата 4-ка и сефтето во ова натпреварување да го завршат незаборавно како за себе така и за Европа.
Пречката во првото коло во групата 1 за понежната вардарова половина се германските првенки Турингер. За апсолутен фаворит се гледа на црвено-црните, не само поради домашниот терен, не само поради неоспорниот факт на разликата во квалитетот, туку и по значитлно ослабенит Турингер во Скопје.
Во германскит состав ќе недостасуваат три клучни ракометарки, централниот бек Кирстен Вохлболд, десниот бек Лидија Јакубисова, две ракометарки кои ги мачи иста повреда, скинати вкрстените лигаменти на коленото и менискус. Затоа во меѓувреме се стави потпис за верност со Свења Хубер кој ќе игра на позицијата на Јакубисова. Во Скопје германките и без пикерот Даник Снелдер поради скршеница на носот, како и без предводниокот од клупата Мулер. Тој е казнет од ЕХФ со еден натпревар надвор од тренерската улога и 5.000 евра, поради неоснована клевета на судии.
Затоа пак девојките на Индира Кастратовиќ од прва до последна подготвени и желни за триумф.
Првото ¼ финално соочување и трката по први бодови во овој сегмент, вардарки тргнуваа вечерва во 18 часот во арената ”Борис Трајковски“.
