Технома 2016: Над 160 домашни и странски изложувачи
18.10.2016 10:10
На саемот ќе се претстават и 30-ина почетнички компании кои се очекува да го најдат своето место на пазарот.

Над 160 изложувачи од Македонија, Италија, Австрија и Германија од денеска до сабота ќе се претставуваат на меѓународниот саем „Технома“ во Скопје.
На саемот ќе се претстават и 30-ина почетнички компании кои се очекува да го најдат своето место на пазарот.
Во рамките на оваа економска манифестација ќе се одржат и Саемот за транспорт и логистика, меѓународниот Саем за занаетчиство и изложбата на иновации „Макинова“.
