Црногорската опозиција не ги признава изборните резултати

18.10.2016 11:01

Според опозицијата, изборите не се фер и демократски зашто на денот на гласањето биле уапсени 20 српски државјани осомничени за план за напад врз државните институции.

Коалицијата Клуч, Демократскиот фронт, Демократската партија и Социјалдемократската партија не ги признаваат резултатите од гласањето на парламентарните избори во Црна Гора.

Според опозицијата, изборите не се фер и демократски зашто на денот на гласањето биле уапсени 20 српски државјани осомничени за план за напад врз државните институции.

Покрај тоа, бил пријавен рекорден број нерегуларности во изборниот процес по воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора.