Димитриев на состанок со раководниот тим на МВР
18.10.2016 11:14
Тема на состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е реализација на акцискиот план за реформи во безбедносниот систем ...

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев денеска во Владата ќе одржи работен состанок со раководниот тим на Министерството за внатрешни работи.
Тема на состанокот, како што соопшти владината прес-служба, е реализација на акцискиот план за реформи во безбедносниот систем во делот на реформите кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи.
