Облачно, на запад дожд и слаб снег

02.02.2014 11:38

Денеска ќе преовладува променливо облачно време со куси сончеви периоди. Во западните предели на повисоките места и планините ќе има врнежи од снег, на пониските дожд. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. И во наредните три дена не се очекува промена на времето освен во среда, кога температурата ќе услови само врнежи од дожд на западот од земјата. Утринската температура се движеше од минус четири до еден, а дневната ќе варира два до осум степени Целзиусови.

Утре температурата ќе се движи од -6 до 1, максималната меѓу  два и девет степени Целзиусови. Во вторник, утринската ќе биде од -6 до нулата, во текот на денот од еден до девет степени. Благо покачување, јавува Управата за Хидрометеолошки работи се очекува во среда, со утрински температури од минус пет до нула, и максимална меѓу три и 10 степени Целзиусови. Највисоки температури ќе бидат регистрирани во дојранскиот регион.

Извор: УХМР