Еквадор го прекина пристапот на Асанж до интернет

18.10.2016 12:03

Засега не се позанти мотивите за оваа одлука. Асанж е осомничен за сексуално насилство во Шведска.

Еквадор го прекина пристапот до интернет на основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж, кој престојува во еквадорската амбасада во Лондон.

Засега не се позанти мотивите за оваа одлука. Асанж е осомничен за сексуално насилство во Шведска.

Доби политички азил од Еквадор, но не може да отпатува зашто британската полиција ќе го уапси штом ќе излезе од еквадорската амбасада.