Жбогар: Фер кампања и кредибилни избори за излез од политичката криза
Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети, изјави денеска евроамбасадорот Жбогар...

Изборите на 11-ти декември можат да ја извлечат земјата од политичката криза под услов кампањата да биде фер и изборите да бидат кредибилни, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар.
Изборите можат да ја извлечат земјата од политичката криза и под услов новата влада кога ќе ја преземе функцијата да побара итно, искрено и сеопфатно спроведување на реформските приоритети, нагласи Жбогар, кој присуствуваше на отворањето на Националната конференција „Градење култура на соживот: Соработка помеѓу граѓанските организации и локалната самоуправа како фактор за развој на меѓуетничкиот дијалог“.
Посочи дека меѓу реформските приоритети се и подобрувањето на односите меѓу заедниците и спроведувањето на Охридскиот рамковен договор. Нагласи дека функционалните односи меѓу едничките заедници се гарант на демократијата и на функционално и прогресивно општество.
