Раковец: Македонија што побрзо во ЕУ и НАТО
02.02.2014 11:47
Словенечкиот амбасадор во Македонија, Бранко Раковец, во неделното интервју...

Словенечкиот амбасадор во Македонија, Бранко Раковец, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“ изјави дека Словенија сака да ја види Македонија што поскоро во европската заедница и во НАТО, но мора со јужниот сосед да се најде решение кое ќе биде прифатливо и за едната и за другата страна.
„Тоа е многу значајно прашање кое би требало во иднина да се реши, затоа што сакаме да ја видиме Македонија што поскоро во ЕУ и во НАТО“, изјави Раковец.
Тој додаде дека сите странски дипломати во Скопје внимателно ги следат преговорите, но за жал во оваа насока нема некој забележителен напредок.
„Генерално можеме да кажеме дека последниот извештај на ЕУ за Македонија беше позитивен. Зошто? Затоа што Европската комисија даде препорака на Европскиот совет Македонија да почне преговори, но немаше согласност меѓу државите членки“, нагласува во интервјуто амбасадорот Раковец.
Тој нагласува дека сепак Македонија меѓу државите членки има голема поддршка и се надева дека во иднина и тоа ќе се случи, Македонија ќе започне преговори.
