Се разгледуваат можности за отворање Фонд за енергетска ефикасност

18.10.2016 16:38

Проценките се мерките за енергетска ефикасност применети и во хотелиерството ќе помогнат на долг рок да се намалат трошоците, да се зголеми вработувањето, а со тоа и да се развива туризмот.

Министерството за економија ги разгледува можностите за отворањето на Фонд за енергетска ефикасност преку кој ќе се финансираат енергетските проекти што ќе помогне во целост да се постигнат европските стандарди. Според податоците со повеќе од 40 проценти учествуваат станбените и хотелските комлекси во вкупната потрошувачка на енергија, додека комерцијалните објекти со 19 отсто.

Проценките се мерките за енергетска ефикасност применети и во хотелиерството ќе помогнат на долг рок да се намалат трошоците, да се зголеми вработувањето, а со тоа и да се развива туризмот.

За подигнување на нивото на туристичките услуги во наредните три години македонските хотелски работници ќе се обучат и ќе добијат сертификати. Проектот се финансира со пари од Швајцарија. Туризмот стана главен фактор кој влијае на економијата, на вработувањата но и сектор кој генерира економски раст, вели амбасадорката на оваа земја.

Македонија има обврска да достигне заштеда на енергија во 2018 година од најмалку девет отсто од просечната потрошувачка на финалната енергија во периодот 2002 ­- 2006 година.

Дијана Ценевска